-->
-->
Француско-германски церемонии за Денот на примирјето
-->

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна, амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија денеска на заеднички церемонии на Француските и Германските воени гробишта во Битола и Прилеп ќе им оддадат почит на жртвите на насилствата од сите војни.
Во присуство на македонски претставници на државните и локалните власти, како и на дипломатскиот кор и на здруженија, амбасадорката на Сојузна Република Германија ќе одржи говор на француски јазик на Француските воени гробишта во Битола, а амбасадорката на Република Франција ќе се обрати на германски јазик на Германските воени гробишта во Прилеп, во знак на помирување помеѓу двете држави и на француско-германско пријателство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
-

Тешко повреден параглајдерист од САД во битолско
-

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност
