ОЈО Скопје гони едно лице за две разбојништва во аптеки
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е поднесена наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице осомничено дека во декември годинава сторил две разбојништва во аптеки во Скопје при што одзел над 11 илјади денари.
– Осомничениот првото разбојништво го сторил на 4 декември годинава во аптека која се наоѓа на булевар „Митрополит Теодосиј Гологонав“ во Скопје. Тој околу 18.45 часот влегол во аптеката со црна маска на лицето и полн шприц во раката, се заканил на вработената по што одзел 9.790 денари. Второто разбојништво го сторил на 12 декември во 18.25 часот, во друга аптека во Скопје. На ист начин, со маска на главата и скалпел во рацете се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на вработените, по што одзел 1.500 денари, информираат од ОЈО Скопје.
Поради постоење на околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомниченото лице ќе го повтри кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомниченото лице.
Ново на Сител
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други