Македонија
8. November 2015 - 16:35

Пијан скопјанец ја претепал сопругата оти цела ноќ го чекала да се врати од кафеана

Ја претепал до смрт, затоа што  го прашала каде бил. Вистински хорор се случувал скопска Пинтија. 38 годишен скопјанец и го сменил личниот опис на својата сопруга откако се вратил од кафеана во алкохолизирана состојба. Наместо одговор, жената добила клоци, тупаници, шамари, закани. Претепана била дотолку што во болница отишла наредниот ден. Вработените од клиниката за уво  нос и грло биле фрапирани од состојбата во која била сопругата. Веднаш и била укажана лекарска помош и бил изведен  оперативен зафат.Докторите го пријавиле случајот во полиција.

-Сопругот прво ја нападнал со тупанци, таа паднала доле, ја удирал со клоци и на крај почнал да ја дави...и рекол да не се осуди да го пријави во полиција..

На скопјанецот му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена за вршање на семејно насилство. Пријавениот не е непознат за полицијата. Претходно има кривични пријави за фалсификување пари и оштетување туѓи делови.