Божикна честитка на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов
Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов упати честитка по повод празникот Божик, што утре го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед.
– Драги браќа и сестри, Божик е ден кој нѐ води кон почетоците на христијанствoто, ден кога славиме несфатлив доказ на Божјата љубов кон човекот, а тоа е негово појавување меѓу нас во воплотението и раѓањето на Второто божествено лице – Исус Христос. Браќа и сестри, обраќајќи ви се, како пастир на Католичката црква во оваа поднебие, сакам да ви го објавам овој чудесен Божји план, што и нам денес ни се нуди како на оној првиот Божик. Сепак, како и тогаш и сега е неопходно овој Божик да не биде само споменување и славење, туку настан. Но, затоа е потребно и чин на верата на што сме способни да се отвориме на објавата и да го примиме Божјиот глас кој ни одѕвонува во евангелската наука. И во оваа време кога во многу човечки срца господари темнината и неспособноста да живеат живот достоинствен на човекот ние навестуваме и сведочиме дека Бог спасува, вели во честитката бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Стојанов.
Истакна дека темнина паѓа врз вредностите на семејството, темнина владее меѓу човечките односи и се шири цивилизацијата на смртта во која човекот е сѐ помалку човек, а сѐ повеќе бројка и тоа експлицитна од агол на користољубивост. Во времето кога е допуштено уништување на невини и неродени животи, кога во многу земји им помагаат на постарите и болните во умирањето и покрај тие факти, ние, посочи, го навестуваме евангелието на животот: добри луѓе, внимавајте и Бог стана човек.
– Тој е чувар, бранител и оној кој е способен да го излечи нашето страдање и на паднатото човештво повторно да му даде достоинство. Во надеж дека овие денови со повеќе смиреност во секој и во најмалиот брат и сестра ќе го препознаеме Овоплотениот, посакувам на сите мирно, силно и радосно Рождество Христово во кое ќе доживееме: Колку е убаво да се биде човек. И на крајот и најбитното, најголемата радост која ја чувствувам и која сакам да ја споделам со сите вас е најголемиот божиќен дар, а тоа е доаѓањето на Светиот Отец папа Францис во пасторална посета на нашата татковина на 7 мај 2019 година. Молејќи пред новородениот цар, посакувам оваа посета да ни донесе неизмерен мир и благослов! Мир Божји – Христос се роди!, стои во божикната честитка на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Стојанов.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

