Рукиќи: Македонија е алтернативниот пат на Србија за извоз во Косово

Претседателот на Стопанската комора на Косово Берат Рукиќи вели дека, по воведувањето на таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија, фирми од таа држава се обидуваат да најдат начини своите производи да ги извезуваат во Косово преку Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Опасноста која јас ја гледам и на која треба да се обрне внимание е таа дека има тенденции во Македонија српските производи да се носат таму, да се пакуваат, односно да се препакуваат таму и да се реекспортираат во Косово. Тоа е алтернативниот пат на српската држава, изјави Рукиќи за телевизијата Клан Косова.
Тој вели дека во Косово нема недостаток на продукти, и покрај тоа што помина речиси еден месец од воведувањето на таксата.
Според Рукиќи, на почетокот постоеше тенденција да се создаде паника заради наводен недостаток на одредени производи, следствено и покачување на цените, но тоа не се случи.
Претседателот на Стопанската комосра на Косово вели дека „нема причини за загриженост, затоа што сите производи од Србија се заменливи“.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
