Oпштина Дебар ќе го реконструира патот кон Бањиште

Општина Дебар со средства од ИПА програмата на Европската унија ќе го реконструира, прошири и асфалтира стариот макадамски пат кој води кон бањскиот туристички локалитет Бањиште.
- Проектот најпрво доби подршка, како приоритетен, од Советот на општината зашто се оденсува на подобрување на руралната патна инфраструктура. Со дописот кој го добивме вредноста на проектот е 235 илјади евра, средства од ИПА фондовите. Ќе се реалзиира преку Министертвото за финансии на Република Македонија, според нормативите на Светска банка, изјави Газменд Цами, од Секторот за урбанизам во општината.
Тој посочи дека патот е во должина од 1,7 километри а неговата ширина ќе се зголеми на пет метри. Оцени дека асфалтирањето на патот ќе придонесе за развој не само на бањскиот, туку и на селскиот туризам.
- Со негова реконструкција и асфалтирање, ќе се поттикне развојот на селските населби низ кои минува. Освен за развојот на бањскиот локалитет Бањиште на „Дебарски Бањи-Цапа“ ќе придонесе и за реактивирање на земјоделството и сточарството во селата Аме и Крифци, каде за тоа има идеални услови, нагласи Цами.
Ново на Сител
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
-

Коосновачот на „Телеграм“, под истрага за помагање терористички активности
-

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие сопствените деца
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
