-->
-->
Активиран литературниот клуб „Калин“ во Кривопаланечката библиотека
-->
Со реактивирање на постоечките членови и вклучување нови, локални писатели, читатели и љубители на пишаниот збор, во библиотеката „Кочо Рацин“ на Националната установа Центар за култура Крива Паланка започна активно да работи Литературниот клуб „Калин“, информира директорката на НУЦК Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска.
Таа нагласи дека дваесетина членови редовно се состануваат и разменуваат информации за тековните книжевни случувања, творечки опус и планираат заеднички активности.
– Клубот периодов е со полна динамика на работа благодарение на свежата енергија која ја донесуваат членовите, одбрана група креативни, автори, поети, но и наивци – уметници, вљубеници во убавото, во добрата мисла и суштина на нештата, желни за споделување нови идеи и нови пишани стихови. На состаноците се разменуваат и импресии од прочитани книги, се препорачува литература и се планираат настани на кои ќе се претстави литература за пошироката јавност, изјави Ѓоргиевска.
Координаторот на клубот, Даниела Петровска од библиотеката „Кочо Рацин“ посочи дека годишната програма на установата ќе биде збогатена со настаните кои членовите на „Калин“ ќе ги реализираат.
– Составот на членови претставува разноликост на идеи и индивидуи со бројни квалитативни карактеристики, што веќе по неколку состаноци, кои се реализираат еднаш неделно, се родија идеи за по најмалку една месечна активност и настап или настан, а тоа ветува дека клубот ќе заживее во полн сјај, рече Петровска.
ЛК „Калин“ со свои претставници вечерва ќе биде застапен на ораторската вечер во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, а до крајот на годината предвидена е реализација на самостојна книжевна вечер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
-

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија
-

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија

