-->
-->
Бакрачески со емтоивна порака по повод смртта на Стојаноски: „Почивај во мир мој пријателе, твоите дела ќе траат вечно“
-->
Твоите дела ќе траат вечно, поранешниот градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески на својата официјална страна напиша емотивна порака, како последно збогум за својот како што пишува другар од школски клупи, комшија, долгогодишен пријател и човек на кого му го предаде „клучот“ од Охрид, прерано починатиот градонаачлник Јован Стојаноски.„Го познавав Јован уште од детство. Ги делевме школските клупи во исто основно и средно училиште. Бевме и комшии и долгогодишни пријатели. Го дочекав во градоначалничкиот кабинет при примопредавањето на функцијата. Имавме мошне срдечен разговор. Си спомнавме за многу моменти од детството и младоста. Му посакав успешен градоначалнички мандат. И беше успешен. И беше впечатлив. За жал на сите нас, заврши пребрзо . Но беше успешен и во својата професија како професор , а и како советник во градскиот совет. Својата одмереност, ненаметливост и внимателнист ја споделуваше и пренесуваше на охриѓани како универзална човекова вредност. Негуваше исклучително високо ниво на политичка култура и традиционални општествени вредности. Охрид и охриѓани изгубија многу повеќе од добар, коректен и успешен човек.
Почивај во мир мој пријателе.
Твоите дела ќе траат вечно.
По повод смртта на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и до граѓаните на Охрид“, напиша Никола Бакрачески – поранешен Градоначалник на Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем
-

Јаневска: Наша цел е воведување на ВИ во секојдневниот живот на учениците и наставниците
-

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка
-

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто
-

Арагчи: Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен“ договор со САД
-

Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
