-->
-->
Триесетдневен притвор за 20-годишникот од Драчево кој ја уби својата баба
-->

По предлог на јавен обвинител на 20-годишното момче од Драчево, кој со нож ја уби својата баба попладнево му е определен 30-дневен притвор.
– Надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје попладнево достави Предлог за определување мерка притвор за 20-годишното момче од Драчево, за кое постои основано сомнение дека вчера ја лиши од живот неговата 66-годишна баба. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и опасност осомничениот да го повтори делото, соопшти ЈОРМ.
Јавниот обвинител донел наредба за спроведување истрага против осомничениот за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – убиство.
Имено, осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка, нанесувајќи и повеќе убодни рани со нож, од кои една засецна рана во пределот на вратот била смртоносна.
-Извршителот вчера сам се пријавил во полициска станица и признал дека ја лишил од живот неговата баба. Мотивите за кривично-правниот настан се уште се утврдуваат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, а се вештачат и трагите и материјалните докази пронајдени на лице место при извршениот увид, велат од Обвинителството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
