-->
-->
Лавров остро го критикуваше Брисел: Самопрогласеното Косово ја руши репутацијата на ЕУ
-->
Неспособноста на Европската унија да го принуди самопрогласеното Косово да ги исполни своите обврски ја става целата репутација на Брисел, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
- Косово и понатаму претставува епицентар на Балканот. Приштина не само што отворено го сaботира договорот со Белград, во посретство на ЕУ, туку и превзема нови провоцирачки мерки“, рече Лавров во интервјуто за грчките медиуми.
Рускиот министер укажа дека повеќе од пет години ништо не се случува кога станува збор за создавањето на Заедничките српски општини, а наместо тоа Приштина воведува такси на увоз на производите од Србија и БиХ, и има намера да формира армија која ќе биде насочена токму против тие Срби кои живеат на Северот.
- Таа мерка е насочена токму на создавањето на неможните услови за преживување на косовските Срби, истакна Лавров.
Тој додаде дека српското раководство спроведува многу одговорна политика, бидејќи вети дека нема да воведе реципрочни мерки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар