Повеќе од 40 отсто од термоелектраните на јаглен се непрофитабилни

Повеќе од 40 отсто од светските термоелектрани на јаглен работат со загуба поради високите трошоци за гориво, а до 2024 година овој удел би можел да достигне 75 проценти, покажуваат проценките од извештајот на советодавната компанија „Карбон Тракер“ (КТ).
Институционалните инвеститори често продаваат акции во компании кои користат фосилни горива за производство на енергија поради ризикот од губење на вредноста, со оглед на построгите стандарди за емисиија на штетните соединенија и поевтинување на енергијата од обновливи извори.
Во компанијата за интелектуални услуги со седиште во Лондон КТ ја анализираа профитабилноста на 6.685 термоцентрали ширум светот, кои претставуваат 95 проценти од вкупниот оперативен капацитет и 90 отсто од капацитетите во изградба..
Нивниот извештај покажува и дека до 2030 година ќе биде поевтино да се изградат нови постројки, напојувани од силата на ветерот и соларната енергија, отколку да се продолжи со производство во 96 отсто од постојните или планираните капацитети на јаглен..
– Нашата анализа покажува дека најевтиниот енергетски систем без јаглен треба да се смета за економски неизбежен, а не само за емпатично чисто и зелено решение, изјави коавторот на Извештајот Себастијан Лунгвалд.
Во неделата,, во полскиот Катовице, град кој поради јагленот и рудата е меѓу најзагадените во Европа, се сретаа 195 претставници на земји за да се договорат за правилата за Парискиот договор за намалување на емисиите на јаглероден диоксид.
Ширум светот се прават напори за запирање на глобалното затоплување преку зголемена употреба на обновливи извори на енергија и намалување на согорувањето на фосилни горива, како што се јагленот и нафтата во производството на енергија, но емисиите на штетни гасови се уште растат.
Според извештајот на Обединетите нации објавен во октомври, уделот на енергија од јаглен во вкупното производство на енергија ќе треба да се намали под нивото од два отсто до 2050 година, со цел зголемување на глобалните температури во безбедни граници.
Владите на неколку економии зависни од јаглен ќе мора да изберат помеѓу затворањето на електраните на јаглен, односно субвенционирано производство на јаглен и цените на електричната енергија, од една, и зголемување на цените на енергијата за производството на јаглен да биде одржливо – од друга страна, што ќе им наштети на потрошувачите и ќе ја поткопа конкурентноста, предупредуваат од КТ.
Со постепено напуштање на јагленот во светски размери до 2040 година, би се избегнал ризикот од паѓање на вредноста на имотите за околу 267 милијарди американски долари, велат авторите на извештајот.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
