Решенија во процесот на помирување до крајот на неделата
Уставните измени и помирување биле двете главни теми на кои европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекејнштајн разговарале со собранискиот спикер Талат Џафери и македонските народните избраници. Макалистер и Флекјенштајн се во посета на Собранието. Европратениците побарале до крај да се заврши процесот на уставните измени бидејки тоа е единствемната шанса за евро-атланските интеграции.
Тие имаа и издвоена средба со 8-темина пратеници од независната група од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката што овие народни избраници што треба да ја дадат во обезбедувањето на двотретинско мнозинство за конечното донесување на амандманите на Уставот. Од групата уверуваат дека добиле поддршшка за помирувањето од Брисел.
Според најавите, нивните нацрт- предлози за амнестија за 27 април, вклучително и решенија за степенувано помилување, ќе треба да бидат готови до петок, кога е закажан и состанок на подгрупата за помирување.
За СДСМ пак, последните сведочења за 27 април покажуваат зошто не може да има целосна аменстија.
Макалистер, како потпретседател на Европската народна партија имаше средба и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од неговата партија соопштуваат дека Мицкоски на состанокот истканла дека врвен интерес на ВМРО-ДПМНЕ е напредокот во европските интеграции.
ТЕЛОП "Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси кои би гарантирале напредок но пред се тоа зависи од волјата и способноста на владата да биде носител на тие процеси. Во однос на уставните измени Мицкоски посоци дека ВМРО-ДПМНЕ останува против и ќе ја следи волјата на граѓаните.", пишува во соопштението на партијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
