Мексиканската Влада соопшти дека ќе го продаде луксузниот претседателски авион Боинг 787
Владата на Мексико соопшти дека ќе го продаде луксузниот претседателски авион Боинг 787 Дримлајнер, кој последен го употреби досегашниот претседател Енрике Пења Нието за патувањето до Буенос Аирес на состанокот на Г-20.
Авионот ќе полета од Мексико кон аеродром во Сан Бернардино, Калифорнија, каде ќе биде подготвен за евентуален купувач. Боингот го купи Владата на поранешниот претседател Фелипе Калдерон (2008-2012 година) за 218 милиони долари.
Новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој положи заклетва во саботата, претходно на митинг во Халапа, во државата Веракруз, изјави дека неговата администрација „ќе ги продаде сите авиони и хеликоптери, кои ги употребувале корумпираните политичари“.
Државниот секретар за финансии Карлос Урсуа соопшти дека наскоро ќе бидат продадени 60 авиони и 70 хеликоптери кои се сопственост на Владата.
МИА
Ново на Сител
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“
-
Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор
-
Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд во наредните денови