Измена на цената за час паркирање во Скопје, во случај на енормно загадување на воздухот

На следната седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за измена на цената за час паркирање на јавните површини и паркиралишта со кои стопанисува „Градски паркинг“ во денови кога ќе бидат прогласени вонредни мерки поради надминување на праговите на алармирање на ПМ10 честички.
– Со оваа измена, градоначалникот на Град Скопје по прогласување вонредни и интервентни мерки во одредени денови поради загадувањето на воздухот, има можност да даде предлог на одредени паркиралишта цената за паркирање двојно да се зголеми само во тие денови. Во случај на енормно загадување на воздухот, ова би се применило во централното градско подрачје за да се стимулираат граѓаните кои патуваат во овој дел од градот да користат јавен превоз со цел намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалување на количината на издувни гасови од возилата кои го загадуваат воздухот, информираат градските власти.
Минатата година Градот прогласи вонредни денови само два пати.
Од Град Скопје додаваат дека статистичките бројки покажуваат оти има напредок во однос на намалување на загаденоста на воздухот година по сите преземени мерки изминативе месеци.
– Највисоко измерената вредност на концентрација на ПМ 10 во периодот јануари-септември имаше во 2016 година – 560.3 микрограми на метар кубен, во 2017 година највисоко измерената вредност беше 380,2 додека во 2018 година највисоко измерена вредност е 334.9. Веруваме дека сите мерки за намалување на загадувањето што Градот ги презема изминатава година влијаат на намалување на концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот, велат од Град Скопје.
Во централното градско подрачје ЈП „Градски паркинг“ стопанисува на околу 28 паркинзи, на кои цената за час паркирање се движи од 25 до 100 денари.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
