Македонија
30. November 2018 - 19:06

Опозицијата бара оставки, власта тврди дека прислушувањето е дело на претходниците

Прислушкувана била фиксната телефонија во Јавното обвинителство на Република Македонија. Снимањето на разговорите од телефоните поставени во  новата зградата на обвинителството се одвивало најмалку две години, открива државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Првиот снимен разговор на двата хард дискапронајдени во склоп на телефонската централа е од 30 септември 2016 година. За случајот е отворена предистражна постапка.

ЈОРМ Ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата, овластувањата за нејзино користење, како и дали, во колкав обем и за кои цели е вршена употреба на снимените податоци, Соопштуваат од обвинителството.

Телефонската централа во зградата на обвинителството била инсталирана во 2013 година, кога обвинителството се сели во објектот на Кејот на Вардар. Истрагата треба да покаже дали со инсталирањето на телефонската централа е поставена и опремата за снимање, или тоа е направено подоцна.

Ќе се проверува дали се снимале разговорите и во обивнителството за организиран криминал, кое е сместено во зградата на Апелација.

Од Владата го осудуваат прослушувањето на обвинителството, велат дека тоа е рецидив од претходната власт и бараат расчистување на целиот случај.

Од опозциската ВМРО-ДПМНЕ пак, се сомневаат дека прислушувањето го прави актуелната власт.

Надлежните од актуелната власт неколку пати до сега цврсто уверуваа дека незаконско следење на комуникациите нема. Снимањето на телефонските разговори на обвинителите фрлаат сенка на овие изјави. И шефот на државата Ѓорѓе Иванов пред неколку дена се посомнева дека се следени неговите комуникации.