Квартален извештај за спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството
Првиот квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) ќе биде презентиран денеска на прес-конференција во Скопје.
Станува збор за активност во рамките на проектот „ЗА ПРАВДА“-заедничка акција за следење на реформите во судството и застапување за нивно спроведување, што го спроведува Хеслиншкиот Комитет за човекови права, со поддршка од Фондацијата Отворено општество-Македонија.
-Овој извештаен период го опфаќа кварталот август-ноември 2018 година, период во кој требаше да завршат повеќе активности предвидени со Акциониот план за спроведување на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) и да бидат донесени повеќе закони. Со анализа на добиените податоци дадена е оценка на: транспарентноста, вклученоста на засегнатите страни и граѓанските организации, почитувањето на временската рамка и имплементацијата на донесените закони, наведуваат организаторите.
Партнерски организации во проектот се: Коалиција сите за правично судење, Македонско здружение на млади правници, Институт за европски политики, Институт за човекови права и Центар за правни истражувања и анализи.
Ново на Сител
-
Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година
-
Приведен 54-годишен возач во Штип, управувал возило под дејство на алкохол
-
Данте стана најстариот играч во историјата на Лигата на Европа
-
ЦУК: Активни три, под контрола четири пожари
-
Продолжува лекарскиот скрининг на населението во Трубарево, вчера прегледани 111 лица
-
АБА лигата ќе има нов тим – доаѓа од Саудиска Арабија
-
Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме, поразен со 31:28
-
Меси осамен на врвот на листата голгетери во МЛС