Новите еколошки автобуси ќе се набават со заем од ЕБОР
Новите еколошки автобуси за потребите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе се набават со 12 милиони евра од кои 10 милиони евра ќе бидат заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите од буџетот на јавното претпријатие.
– За средствата во износ од 10.000.000 евра заемопримач ќе биде ЈСП Скопје, а Република Македонија ќе издаде државна гаранција, информираат од Владата по денешната седница на која е усвоен Предлог-Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката на нови автобуси за Град Скопје (ЈСП).
Од Владата соопштуваат дека ќе се набават нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас, со голема економска исплатливост и еколошка предност во учеството на намалувањето на аерозагадувањето.
– Оваа одлука, Владата ја донесе тргнувајќи од состојбата со возниот парк на ЈСП Скопје како исклучително скап за одржување и кој е еден од факторите за загадување на животната средина, односно на воздухот во градот, се наведува во соопштението од владината седница.
Ново на Сител
-

Кривичен издаде упатен акт: Јакимовски треба да се јави во затвор на 2 јули
-

Историски успех во македонското здравство, робот оперираше пациент со карцином на простата
-

Намален наталитетот, повеќе се раѓаат машки деца
-

Кривична пријава за странски сопственик на правно лице за злоупотреба на постапка за јавен повик
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за Рубикон - агенцијата што ја обезбедуваше опожарената диксотека
-

Инфантино: Доколку ФИФА ги продадеше билетите за СП по пониска цена, тие ќе завршеа на црниот пазар
-

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на денот на отворањето
-

Роналдо најплатен на СП

