Собранието ќе ја продолжи 71. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи ново продолжение на 71. седница.
На дневен ред на ова продолжение се предлог законите за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на патната делница Штип - Радовиш, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта, по скратена постапка, по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и Предлог законот за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка и ЈП за државни патишта, по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за измените на Законот за задолжителни нафтени резерви, Законот за персоналниот данок на доход, Законот за платниот промет, измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина, на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, Законот за земјоделското земјиште, измените на Законот за пасиштата и дополнување на Законот за одбрана, Предлогот на закон за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија предлог на пратениците и Предлогот на закон за амнестија поднесен од 11.069 избирачи.
Во рамки на 71. седница треба да се расправа и за Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за Вториот проект за подобрување на општинските услуги, по скратена постапка.
На дневен ред се и повеќе годишни извештаи и барање автентични точкувања на законски решенија.
Ново на Сител
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
