Еротски приказ на спартанска кралица на слика во Помпеја
Слика со еротски приказ на митот за спартанската кралица Леда е пронајдена под урнатините на древноримскиот град Помпеја, кој бил уништен од ерупција на вулканот Везув во 79 година од новата ера.
Станува збор за легендата за Леда во која, според грчката митологија, се вљубил Зевс, но никако не можел да ја освои, па се претворил во лебед и ја силувал, пто историјата чеато го занемарува и еуфемистички го претставува како „успеал да ја добие нејзината љубов“.
Според грчката митологија, Зевс се вљубил во Леда, кралицата на Спарта, се претворил во лебед и ја силувал. Леда истата ноќ спиела и со својот сопруг, па потоа снела две јајца. Од едното излегле близнаците Кастор и Полукс, а од другото Клитемнестра и Елена, поради која почнала Тројанската војна. Митолошката сцена на односот меѓу Леда и лебедот со векови ги инспирира уметниците.
Експертите веруваат дека фреската го красела ѕидот на спалната соба на побогато семејство, кое живеело блиску до центарот на античкиот град Помпеја.
На новопронајдената слика, Леда е во интимна прегратка со лебед.
– Таа е насликана како да гледа кон оној што влегува во нивната спална соба… Леда го погледнува набљудувачот со доста изразена сензуалност, нагласува одговорниот археолог за Помпеја, Масимо Осано.
Фреската, како и нејзините живописни бои, се во доста добро очувана состојба.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска