Фејсбук спаси Американец од 99 години казна затвор

Момче од Тексас, соочено со казна затвор од 99 години, се спаси благодарение на Фејсбук и самосликот што го направила неговата мајка во миговите кога наводно се случил нападот за којшто бил обвинет.
Имено, неговата поранешна девојка го обвинила Кристофер Прекопија (21) за насилно влегување во нејзиниот дом и физички напад врз неа, кој се случил септември 2017 година. Притоа, тој „ја турнал наземи и си нож за кутии ѝ врежал буква ’Х‘ кај вратот“, како што тврдела девојката.
Тие двајца биле во врска како средношколци, кога тој имал 17 години, а девојката била две години помлада. Раскинувањето било со многу негативни емоции и, како што тврдело момчето во судскиот процес, не ја видел две години пред обвинението, и не знаел каде таа сега живее.
Според обвинението, сите наводи укажувале дека момчето ја нападнало девојката, но вистината е многу поинаква. Алибито на момчето го докажа неговата мајка.
Имено, во тоа време, таа со синот ѝ и неколкумина пријатели биле во хотелот „Ренејсанс Остин“, се сликале, го објавила тоа на Фејсбук и ја означила локацијата, како и времето. Хотелот е на растојание од еден час возење со автмобил до местото на злосторството.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
