Ново рочиште за „27 април“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беа читани смс и вибер пораки од вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски.
На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносните камери во Собранието, од ходиникот пред канцеларијата на спикерот Трајко Вељановски, ходниците што водат до и холот пред прес-салата во Собранието.
Судечкиот совет во предметот „27 април“ минатата недела одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата здравствена состојба.
За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР