Меј: Британија е отворена за поинаков однос со Русија
Една година откако ја обвини Москва за воена агресија и мешање во изборите, британската премиерка Тереза Меј е подготвена да порача дека Британија е „отворена за поинаков однос“ со Русија, доколку таа земја тргне по „нов пат“.
Таа во годишното обраќање во лондонскиот финансиски центар се очекува да изјави дека се преземени акции во последната година, вклучувајќи и протерување на руски официјални лица поради труењето на Сергеј Скрипап, ја продлабочиле нејзината верба во „колективен одговор“ на таквите закани, пренесуваат британски медиум, кои имаат увид во нејзиниот говор.
-Но, како што реков и пред една година, тоа не е однос кој го сакаме со Русија. Остануваме отворени за поинаков однос – оној во кој Русија ќе се откаже од своите напади, кои ги поткопуваат меѓународните договори и безбедноста, наведува Меј во своето обраќање.
Таа, исто така, ќе изрази надеж дека Русија ќе го избере тој пат и „ако тоа го направи, ние ќе одговориме слично“.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп