Јолевски на Безбедносен форум во Варшава
Министерот за одбрана Зоран Јолевски учествува на Безбедносниот форум во Варшава, каде во јули идната година ќе се одржи Самитот на НАТО.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Јолевски на маргините на дводневниот Безбедносен форум имаше работен ручек со потсекретарот во полското Министерство за одбрана Роберт Копјецки, задолжен за организација на следниот Самит на НАТО, американскиот амбасадор во Варшава Пол Џонс и потпретседателот на Атлантскиот совет и поранешен советник во Белата куќа Дејмон Вилсон.
Министерот Јолевски утре ќе има работна средба со полскиот министер за одбрана, Томаш Шимоњак.
- Повеќе од две декади Република Македонија функционира како демократска земја во која се почитуваат меѓународните вредности и принципите на еднаквост. Демократијата е базата врз која градиме просперитетна држава чии стратегиски цели се полноправното членство во НАТО Алијансата и Европската унија. Нашата посветеност кон мирот, демократијата и безбедноста е видлива и преку учеството на припадниците на Армијата во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО, ЕУ и Обединетите Нации, рече министерот Јолевски, во денешното обраќање на Безбедносниот форум во Варшава.
Говорејќи за иднината на регионот, македонскиот министер за одбрана потенцираше дека НАТО е еден од клучните фактори за безбедност, додека Европската унија е силата за демократски, општествен и економски развој на Европскиот континент. Во тој контекст, Јолевски посочи дека од круцијално значење е Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина да направат чекор напред во нивните евро-атлантски интегративни процеси.
- Приемот на Македонија позитивно ќе се одрази врз НАТО, но и врз безбедноста и стабилноста на регионот на Југоисточна Европа, заклучи министерот.
За време на панелот посветен на новиот безбедносен бран и геополитичките промени во Европа, соговорниците, меѓу кои и заменик премиерот и министер за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ, директорот за безбедносна политика во шведското Министерство за надворешни работи Ефраим Гомез и други, разговараа за новите европски предизвици, главно заканите од тероризмот и мигрантската криза. Во таа насока министерот Јолевски потенцираше дека Македонија ги прави сите напори за хуман третман и непречен транзит на мигрантите низ територијата на Македонија кон нивните крајни дестинации.
- Клучно за успех во оваа криза е колективниот одговор и сеопфатниот пристап од страна на сите земји, во и вон Европската унија, рече министерот Јолевски на панелот.
Ново на Сител
-
Повеќе од 11% од депортираните од Германија минатата година биле малолетници на возраст од 6 до 18 години
-
Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун
-
Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење
-
На ГП Богородица и ГП Дојран се чека околу 30 минути
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего
-
Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад врз Газа
-
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе