-->
-->
Мајка монструм ги масакрирала своите деца: На синот (18) и ќерката (16) им пукала во глава додека спиела, а најмалата успеала да и го земе пиштолот
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/november/1665733_wptvamyhall-1541252476913-102123895-ver1.0-640-480_ls-198040.jpg?itok=hztrk6ke)
Ејми Хол (38), Американка од Оклахома, ги масакрирала сопствените деца на спиење, а на зачудените полицајци мирно им ги раскажала деталите од крвопролевањето.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2018/november/gdfhd.png?itok=gL_0FewS)
Таа крвавиот пир го започнала околу 6 часот во четвртокот, на 1. ноември.
Ејми им рекла на полицајците дека прво влегла во собата на својот син, Кејсон Толивер (18). Момчето спиело, а мајката му пукала во глава. Кејсон починал на местото. Неговиот другар кој спиел кај него скокнал и се скрил, па така преживеал. Ејми вели дека него не сакала да го убие, туку само своите деца.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2018/november/gfdhdfh.png?itok=GyRDh8fa)
Потоа одела со ред низ куќата и влегла кај постарата ќерка (16) која исто така спиела. И на неа и пукала во глава. Девојчето преживеало, но е во критична состојба. Лекарите се борат за нејзиниот живот, веќе трети ден и не се сигурни дали ќе се спаси.
Потоа се свртела да ја убие најмладата ќерка (14), но девојчето за среќа веќе било будно и влетало во бањата и се заклучило. Ејми вели дека нејзината ќерка плачела во бањата, а потоа и рекла „мамо, се е во ред“, мирно излегла, и се доближила и и го зела пиштолот.
Полицијата добила повик во 6.30 часот утровото и затекнала ужасно крвопролевање. Кејсон бил мртов, постарата ќерка тешко повредена, а помалата се тресела и плачела, а мајката чедоморка никаде ја немало. Седнала во автомобил, возела неколку километри и застанала.
Мајката чедоморка им рекла дека имала намера да си убие сите свои деца, а потоа да си пресуди на себе. Во тоа ја спречила помалата ќерка, која и го грабнала пиштолот. Рекла дека децата сакала да ги убие за да ги заштити од нивниот татко, кој, како што рекла бил постојано насилен кон нив.
Се покажало дека таа и мажот живееле одвоено и дека две години воделе огорчена битка околу старателствоот. Ејми минатиот месец поднела итно барање за старателство, а нејзиниот поранешен маж во 2016 година поднел тужба против неа зошто наводно била ментално нестабилна, како и поради психичко малтретирање на децата.
Ејми прелиминарно е обвинета за убиство со предомисла и два обиди за убиство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба