Концертна промоција на новиот албум на Тоше Проевски
Во ВИП Арена „Борис Трајковски“ утре ќе биде одржан хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески, каде ќе биде промовиран неговиот нов албум „Тајно место“(Secret Place).
На концертот ќе настапуваат многу македонски и балкански ѕвезди меѓу кои и Каролина Гочева, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, Александра Јанева, Антониа Гиговска, Огнен Здравковски, Денис Димовски, Александар Тарабунов, Наум Петрески, Борис Новковиќ, Владо Калембер, Ања Рупел, групата „Фрајле“ и Борис Режак.
Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески, на утрешниот концерт ќе ја изведе песната „We are blood“, што се наоѓа на новиот албум.
Имено, ексклузивно за публиката на концерот ќе биде прикажани и два спотови за две нови композиции од албумот „Secret Place“.
Андреј Николовски, директорот на Фондацијата „Тоше Проески“, наведе дека новиот албум е работен во студиото на британскиот продуцент Енди Рајт.
– Повеќе од две години Фондацијата макотрпно собирајќи на некој начин дел по дел од наследството што ни го остави големиот Тоше, успеа на едно место да стави 10 музички нумери. Седум се комплетно нови необјавени, додека три се појавуваат како демо-верзии, прецизираше Николовски.
Продуцентот Рајт посочи дека од технички аспект било тешко да се работи на албумот бидејќи снимките од починатиот Тоше Проевски се постари од 10 година, а технологијата секојдневно се модернизира.
Тој се осврната на песната „Secret Place“, како што е и именуван новиот албум, наведувајќи дека во неа се опишува „тајното место“ кое Проески го имал и каде го наоѓал мирот.
Ново на Сител
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
-

ЦУК: Од обилните дождови поплавени домови, земјоделски површини и патишта
-

Приведени возачи од Штип, Кочани, Прилеп и Крива Паланка, возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи
-

Уапсен Аца Лукас - немал дозвола за работа, а кафетеријата немала дозволи и нелегално работела без сметки

