Ердоган: Новиот Устав треба да биде приоритет на Парламентот
Турскиот Парламент би требало да им даде приоритет на дискусиите за донесување нов Устав на земјата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во неговиот прв говор откако неговата Партија на правда и развој (АКП) победи на изборите во неделата.
Ердоган во говорот во Анкара најави дека турскиот премиер Ахмет Давутоглу ќе започне консултации со опозициските лидери за изготвување на предлог за нов Устав на Турција.
Тој нагласи дека ако овие преговорите не бидат успешни, тогаш ќе побара за ова прашање да се изјаснат граѓаните.
Претходно денеска, портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калан најави дека Турција би можела да спроведе референдум за промена на Уставот и со тоа да биде во земјата да биде воведен претседателски систем.
- Прашањата како што е воведувањето претседателски систем, не можат да се решат без народот. Ако механизмот бара референдум, тогаш ќе биде спроведен референдум, изјави Каланј на прес-конференција во Анкара. см/сп/14:20
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница