Кривичен суд демантира: Нема упатно решение за Груевски, пасошот на Мијалков е во судот

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков , информираат од СЈО.
Претходно и од Основниот суд Скопје 1 за МИА потврдија дека Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.
– Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1 информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни, појаснуваат од Основниот суд Скоје 1.
Инаку, некои од медиумите објавија дека на поранешниот директор на контраразузнавањето Мијалков му е вратен пасошот.
Кривичниот суд демантираше и дека на поранешниот премиер Никола Груевски не му е доставено упатно решение.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
