Во Скопје 14 сообраќајни незгоди, девет лица повредени

Девет лица се полесно повредени во вкупно 14 сообраќајни несреќи што вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во седум од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.
Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 82 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 23 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои двајца поради управување под дејство на алкохол, 20 без стекнато право на управување со моторно возило и еден почетник.
Од сообраќај полицијата исклучила 12 возила кои не биле регистрирани. Непрописно паркирани биле 118 возила, а пајак службата подигнала 92 возило.
Полицијата санкционирала и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување и двајца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.
Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
