Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање

Владата се наоѓа во распаѓање и нејзините членови не можат да го скријат тоа дури и зад затворени врати, коментираат од опозициската Нова демократија за вчерашната владина седница.
- Не се има случено премиер да ги моли министрите да не го турнат, а потоа рамнодушно да ги гледа како меѓусебно се обвинуваат за да не ја загубат нивната фотелја. Доста е. Земјата не може повеќе да тоне поради нив, соопштуваат од Нова демократија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, соопштението од најголемата грчка опозициска партија доаѓа по информациите дека грчкиот премиер Алексис Ципрас на вчерашната владина седница побарал од министрите да се обврзат дека нема да бидат причина да падне Владата и нема да ја поддржат евентуалната иницијатива на Нова демократија за гласање недоверба на владата поради Договорот од Преспа, но и по информациите дека несогласувањата меѓу Панос Каменос и Никос Коѕијас на министерскиот состанок прераснале во расправија.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
