Добра игра за убедлива победа на Македонија
Фудбалската репрезентација на Македонија стигна до убедлива 4:1 победа над аутсајдерот Лихтенштајн за да се зацврсти на првото место во групата 4 во Лига Д од новото натпреварување на УЕФА, Лига на нации, со идеален старт од три победи во три меча.
По двата триумфи над Гибралтар и Ерменија, со триумфот над Лихтенштајн, Македонија има 9 поени на првото место на табелата, додека останатите три тима имаат по 3 поени. Сега за избраниците на селекторот Игор Ангеловски следува вистинскиот тест, гостувањето кај Ерменците, кои се лути по шокантниот пораз од Гибралтар дома и сигурно ќе сакат одмазда против Македонија. Мечот е на распоред во Ереван веќе во вторник.
Против Лихтенштајн работата ја завршивме во првото полувреме, откако Александар Трајковски постигна два гола на асистенција на капитенот Горан Пандев, кој исто така се запиша во листата на стрелците за убедливи 3:0. Лихтенштајн успеа да намали на 3:1 веднаш по голот на Пандев, пред Езѓан Алиоски во 67. минута да зголеми на 4:1.
ЛИГА Д, ГРУПА 4
Македонија – Лихтенштајн 4:1
Ерменија – Гибралтар 0:1
Табела: 1.Македонија 9, 2.Лихтенштајн 3, 3.Ерменија 3, 4.Гибралтар 3
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228