Сообраќајна несреќа во Скопје: Возачите си поделиле по неколку шамари и боксови
Уште една сообраќајна несреќа се случи во Скопје, учесниците во несреќата физички се пресметале.
- На 12.10.2018 година околу 21.30 часот било пријавено дека околу 21.00 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила. Додека С.М.(51), С.М.(20) и К.М.(24), сите од Скопје, туркале до тротоарот од улицата патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на нивниот сосед К.С.(33) од Скопје, се судриле со патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје, а сопатници биле две деца на возраст од 16 и 12 години. По незгодата дошло до вербална расправија и физичка пресметка помеѓу учесниците.
Едно непознато лице, кое се вклучило во тепачката, со безбол палка го удрило Б.М. во главата. Б.М. бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а С.М., К.М. и С.М. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Исто така, било пријавено дека до пристигнување на полициските службеници некое од лицата извадило пиштол и испукало неколку куршуми, но при преглед на затекнатите лица и возила не било пронајдено оружје, чаури ниту оштетени предмети, стои во билтенот на МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата