Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
Германската Влада смета дека прашањето за воените репарации кон Грција е „правно и политички затворено“, изјави портпаролот на Владата во Берлин, Штефан Зајберт, одговарајќи на новинарско прашање за новите претензии од некои грчки политичари.
- Навистина многу пати сме го разгледувале тоа прашање. Нашата позиција е дека прашањето за германските репарации е правно и политички завршено. Таа позиција не е променета. освен тоа, во врска со ова прашање нема никакви официјални чекори од страна на грчките власти, истакна Зајберт.
Тој нагласи дека нема никаква информација за договор меѓу грчката и полската влада за појава на нови претензии за репарации од Германија.
Според некои западни медиуми, кои се повикуваат на владини извори во Атина, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос би можел повторно за време на посетата на германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер денеска и утре, да ги постави на дневен ред претензиите на Грција за стотици милиони германски репарации.
Ново на Сител
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем
-
Приведена бегалка од затвор, вратена е во КПУ Идризово
-
МЗ: Комисијата не најде грешка во работењето на Болница во Кавадарци во врска со починатото дете
-
Кривична пријава против правно лице, во ceф соба биле пронајдени 382 кутии со марихуана
-
Баерн и Фламенго први осминафиналисти на Светското клупско првенство
-
Уапсено лице од тетовско, возело со 190 км на час на место каде што е дозволено 80
-
Путин: Киев мора да ги признае резултатите од референдумот или конфликтот ќе продолжи
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир