Косовското МНР го осуди нападот врз двете албански момчиња во Нови Сад
Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли го осуди насилството врз двајцата млади Албанци во Нови Сад и изрази загриженост за положбата на албанската заедница во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пацоли преку својата страница на Фејсбук напиша дека ја примил со длабока загриженост веста за претепувањето на двајцата 19-годишници, од кои едниот од нападнатите, Члирим Маљоку, се наоѓа во болница и е во животна опасност.
- Ние како Министерство правиме напори, било директно, преку нашата Канцеларија за врски во Белград, било индиректно преку меѓународни канали, за да им пружиме помош на жртвите на овој настан, како и да придонесеме за рсветлување на случајот, напиша Пацоли.
Тој порача дека „Србија треба да се откажа од јазикот на омраза кој поттикнува насилство“.
Како што беше објавено, двете момчиња биле нападнати ноќта меѓу саботата и неделата од група од четири до пет српски хулигани во Нови Сад, каде што едниот од претепаните е со постојано жителство, додека другиот бил дојден на гости од Призрен. Хулиганите, за кои од полицијата изјавија дека и се познати затоа што и порано учествувале во слични инциденти, ги нападнале двете момчиња откако слушнале дека зборуваат на албански јазик.
Случајот го осуди и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој наведе дека настанот јасно покажува дека „слободата на движење во Србија не е гарантирана“ и дека ваквите случаи се „доказ дека српската држава е далеку од европските вредности“.
Со осуда за инцидентот се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој побара откривање и казнување на сторителите.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска