Отворен 6. Филмски фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“

Во кино „Милениум“ синоќа беше отворен 6. Филмски фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“, со италијанскиот филм „По трагите на мојот татко“ на режисерот Марко Сегато.
До 11 октомври фестивалот ќе се оджрува на повеќе локации во Скопје. Програма содржи долгометражни и краткометражни филмови, креативни работилници, мастеркласови, креативни и едукативни активности во кои ќе бидат вклучени околу 650 деца и млади на возраст од 10 до 19 години. Покрај деца од Македонија, во жирито ќе учествуваат над 50 деца од странство, кои за време на фестивалот ќе бидат гости во домовите на своите другарчиња.
Тема на годинашниот фестивал е „Вода (Аква)“, со што „Џифони“ почнува циклус посветен на екологијата. Во наредните две години ќе следуваат „Воздух“ и „Земја“, а за таа цел како партнер на фестивалот се вклучува „Пакомак“.
На синоќешното отворање присуствуваа ученици од основни и средни училишта од десет земји, претседателот на „Џифони Експириенс“ од Италија, Пјеро Риналди, италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео, претставници од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Во име на организаторот - Здружението за медиумска писменост „Планет-М“, Дарко Башески ги поздрави присутните гости и ги покани децата за време на фестивалските денови да го слават филмот, радоста и пријателството.
Ново на Сител
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
