Македонија
7. October 2018 - 10:57

Судар на камион и автомобил во Лешок, старец тешко повреден

Вчера во 19,30 часот на регионалниот пат Тетово - село Јажинце во село Лешок, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ш.Ј.(46) од село Шемшево и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ исто така со тетовски регистарски ознаки управувано од М.Ш.(71) од село Доброште.

Во незгодата М.Ш. се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.