Живот
6. October 2018 - 14:35

Како да го убиеш својот маж - жената кој го напиша овој есеј уапсена поради смртта на својот сопруг

Жената која напиша есеј со назив „Како да го убиеш својот маж“, сега е обвинета токму за убиство на сопругот.

Ненси Крамптон Брофин (68) е авторка на палп книгите „Погрешен маж“ и „Погрешен љубовник“ која полицијата од Протланд неодамна ја уапси под сомнение дека го застрелала својот маж Даниел Брофин во јуни.

Брофин бил кувар, а неговото безживотно тело го пронашле студенти и персоналот во кулинарската школа.

Ненси за смртта на својот маж пишуваше на Фејсбук, велејќи дека се „бори да пронајде смисла во се што се случило“.

На својот блог таа напиша за пет најчести мотиви кои ги користи во приказните за жените кои ги убиваат своите мажи, како и за најчестите средства за убиство.

Отровот не е добра идеја, напиша таа, зошто ниту една жена не сака да „поминува време со болниот маж“.

Исто така наведе дека најмување на платен убиец не е добра идеја, зошто можат да ве кажат во полицијата.

Таа е задржана во затвор без можност за кауција.