-->
-->
Одбележан денот на просветните работници
-->
Сојузот на просветни работници на Македонија денеска на Свечена академија во Куманово додели признанија за најуспешните учители и професори, по повод Светскиот ден на учителот.За најдобри учители во 2017/18 учебна година избрани се Лидија Михајловска „Наце Буѓони“ од Куманово, Љупка Стоименова од „Никола Карев“ Кочани, Сузана Николовска од „Кире Гавриловски Јане“ од Прилеп, Фатиме Алии од „Живко Брајковски“ од Скопје, Гордана Угриновска од „Елпида Караманди“ од Битола и Раде Илиевски од „Рајко Жинзифов“.
Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов, обраќајќи им се на присутните порача дека токму учителите се оние кои создаваат успешни идни генерации. Тој вети дека преку законски измени ќе работат на подобрување на воспитно-образованиот систем, посебно нагласувајќи дека ќе се скратат сегашните административни обврски.
- Ќе направиме се да добиете поддршка и од централната и во соработка со локалната власт, да може да вложиме и во инфраструктура, надграба на наставните планови, изработка на подобри учебници, но пред се во создавање на добра општествена клима за статутот и улогата на наставникот и учителот во општеството, рече Атанасов.
Претседателката на Сојузот на просветните работници на Македонија, Лидија Николовска-Георгиевска, рече дека оваа професијата е благородна, но се осврна и на предизивиците со кои се соочуваат учителите.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски посочи дека е неопходно да се вложува во подобрување на условите во кои работат учителите и наставниците и го истакна ангажманот на наставниот кадар во вкупниот воспитно-образовен процес.
УНЕСКО го прогласи 5-ти октомври за Светски ден на учителите во 1993 година, а во Македонија се одбележува од 1994 година. Во фокусот на вниманието годинава, темата е „Право на образование значи право на квалификуван учител“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
