-->
-->
Голема трагедија: Две лица загинаа откако излетале со автомобил на патот Катланово-Бадар
-->
Двајца скопјани ги загубија животите во сообраќајна несреќа која вчера околу пладне се случила на патот Катланово-Бадар, во близина на мостот на река Пчиња.
Од полицијата информираат дека по пријава интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и го извадила патничко возило „Фиат Мултипла“ со скопски регистарски ознаки.
-Во него имало две починати лица. Се работи за лицата З.Н.(39) од Скопје и С.П.(22) од Скопје. Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, информираат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево