ЦДУ/ЦСУ: Опозицијата да не блокира зашто ризикува долготрајна изолација на земјата

Со над 91 процент од гласовите „За“, гласачите во Македонија дадоа огромна поддршка за европскиот пат и за поголема перспектива на нивната земја во ЕУ и НАТО, порача заменик-претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Давид Ваделул.
Владејачката германска ЦДУ/ЦСУ смета дека опозицијата не смее да ја блокира перспективата на Македонија за НАТО и ЕУ. Предупредуваат дека неуспехот на договорот за името ќе ја изолира земјата долго време.
- На референдум во Македонија повеќе од 91 отсто од гласачите гласаа за промена на името на државата во „Северна Македонија", а во исто време и за понатамошна перспектива на нивната земја во НАТО и во ЕУ. Сепак, потребниот цензус од 50 проценти не беше постигнат. Оттука, решавачко ќе биде гласањето во Парламентот, вели Ваделул.
Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ жали што само околу 37 отсто од гласачите учествувале на референдумот за промена на името, и дека не е постигнат потребниот цензус.
- Сепак, референдумот не е обврзувачки. Клучно е дека неопходното мнозинство од две третини за уставниот амандман и промената на името се постигнува со потребното гласање во Парламентот, истакнува Ваделул.
Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ ја повикува македонската опозиција да се согласи со, како што нагласуваат, историски важното гласање во Парламентот за уставните амандмани бидејќи во спротивно, би било политички одговорно да се блокира овој пат за Македонија на долг рок и со тоа да се изолира земјата од Европа. Тоа исто така, велат од ЦДУ, ќе се одрази на можноста за започнување на преговорите за пристапување во ЕУ.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
