Јанушев од Свети Николе: Граѓаните да го послушаат срцето како ќе постапат на 30 септември
Денеска бевме во посета на Општините Лозово и Свети Николе. А, се сретнавме со голем број на граѓани, разговаравме во врска со штетните последици од капитулантскиот договор кој што владата предводена од Заев го потпиша со соседна Грција.
Она што можам да го истакнам е дека во огромен број граѓаните при овие посети се запознаени со текстот на договорот и истите не се согласуваат со нив, што всушност и како став и како партија се поистоветува и со ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи од самиот старт кажавме дека сме против овој договор и истиот нема да го прифатиме.
Нормално разговаравме со луѓето, се обидовме да им објасниме некои нејаснотии кои што ги имаат. Исто така што може да се забележи особено последните денови е дека СДСМ е во паника се обидуваат преку разни изјави да го заплашат народот.
Ја видовме изјавата на Оливер Спасовски каде што вака јавно кажа дека дури и за водење на интернет кампања, односно кампања по социјални мрежи дека ќе следувале апсења.
Исто така, видовме изјава од министерот Димитров кој всушност е потписник на овој капитулантски договор, кој кажа дека без разлика на успешноста на референдумот, дека истиот ќе пробаат на сила да го стават на дневен ред во Собранието и многу други вакви изјави.
Она што сакам да го порачам до целокупниот македонски народ е она што и многупати го кажавме, да го користи разумот, да размислат што точно ова значи.
Што точно значи бришењето на македонското име на се она што е македонско, на влогот на Заев кој не му дал никој право да си игра со македонската нација и сепак да го послушаат срцето во однос на тоа како ќе постапат на 30-ти септември на денот на референдумот.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци