-->
-->
Едно лице почина во сообраќајка на патот Кичево - Битола
-->

На 24.09.2018 година во 15,15 часот на регионалниот пат Кичево - Битола, кај село Видрани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.П.(54) од село Козица, кичевско и патничко моторно возило „Лада нива“ со охридски регистарски ознаки управувано од В.П.(69) од село Другово.
По незгодата К.П. со возило на Итна медицинска помош од Медицински центар Кичево бил препратен кон Скопје, но по пат му се влошила состојбата и починал во Медицински центар Гостивар. На сопатничката од возилото „Лада“ Р.П.(68) од село Другово во Медицински центар Кичево и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?