19 годишно момче претепано во Карпош од три лица, кои му го одзеле автомобилот, а подоцна направиле две сообраќајки

Во текот на вчерашниот ден околу 15:00 часот во Скопје на бул.„8-ми Септември“ во близина на крстосницата со бул.„Илинден“, додека С.С. (19) од Скопје, управувал патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки , бил пресретнат од патничко моторно возило ,,Даеву рејсер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле И.С. (19), Ш.С. (27) и М.С. (21), сите од с.Љубин, кои најверојатно поради нерасчистени должничко доверителни односи физички го нападнале С.С., а потоа му го одзеле возилото и избегале. С.С. се упатил во ГОБ„8-ми Септември“ каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување, информираат од полицијата.
Двајца од напаѓачите, бегајќи од лице место со возилото „Даеву“, управувано од Ш.С., движејќи се со голема брзина во с.Сарај на ул.„1724“ , удриле во патничко моторно возило „Волксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, при што М.С., сопатник во возилото ,,Даеву рејсер“ и возачот се здобиле со повреди. На неколку метри од местото на незгодата патничко моторно возило ,,Пежо“ управувано од третиот напаѓач И.С(19) удрило во бетонски ѕид .
Од страна на полициски службеници во ПО-Сарај лишени се од слобода И.С., Ш.С. и М.С.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
