Завршени тендери за реконструкција на 31 регионален пат во должина од 361 километар
До крајот на градежната сезона се очекува да заврши реконструкцијата на 10 километри од Скопската обиколница на делот помеѓу клучка Стајковци и клучка Мирковци. На терен се очекува и почеток на реконструкција на уште 31 пат во должина од 361 километар за кои се завршени тендерите во изминатите две недели, информираа денеска министерот за транспорт Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.
- Оваа автопатска делница треба да биде готова напролет, но доколку дозволат временските услови може да се случи да биде завршена целосно до крајот на годината, односно до крајот на градежната сезона, изјави Сугарески при увид на градежните работи.
Со договорот за рехабилитација е предвидено да се заменат, со гребење и повторно асфалтирање 8,5 километри од возната лента, како и 1,5 километри од брзата лента од завршниот асфалтен слој на постоечкиот асфалтен коловоз меѓу Стајковци и Мирковци од обиколницата во правец Миладиновци-Сарај. За реконструкцијата што почна минатиот месец се одвоени околу 600 илјади евра.
- По завршувањето на претходните проблеми настанати од поплавите кај клучките Арачиново и Стајковци преминавме на проектирање за рехабилитација на останатиот дел од оваа клучка, на делот од обиколницата помеѓу Стајковци - Мирковци, во должина од 10 километри. Завршувањето ќе биде бенефит како за граѓаните кои се движат во обиколницата и од населените места, изјави Китанов.
Тој најави дека во продолжение по завршување на автопатот Сарај-Групчин и обратно се рехабилитира и регионалниот пат Сарај- Групчин, кој ќе биде завршен до крајот на месецов.
Како што потенцираше Сугарески, на терен се реализираат проекти во висина од 800 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа.
- Интензивно се работи на двата автопата, Миладиновци-Штип, кој е во завршна фаза и нашите очекувања се градежните активности да бидат завршени до крајот на октомври, а за Кичево-Охрид, по анексот за ослободување на 205 милиони евра очекуваме интензивирање на активностите. Паралелно се работи и на четири експресни патишта, на бројни реконструкции на регионални патишта. Доколку временските услови дозволат очекуваме до крај на градежната сезона да биде исполнет целиот план кој го имавме, рече Сугарески.
Согласно ветувањата од мај годинава за инвестици во патиштата и работите на терен очекувам годинава значително да се подобри патната инфратсруктура во Македонија, дополни министерот за транспорт.
Од 31 регионален пат за кои се завршени тендерите, 12 се реализираат со заеми од Светска банка, седум преку Европската банка за обнова и развој, а останатите со средства од буџетот на ЈПДП.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот