Каменос: Ќе направам се Договорот од Преспа да не стигне во грчкиот парламент

Ќе направам се за овој договор да не дојде во парламентот. Но, ако договорот дојде во парламентот, тогаш немам друг избор, вели Панос Каменос повторувајќи го уште еднаш неговиот став дека Независни Грци ќе ја повлечат довербта за владата доколку Договорот од Преспа дојде за ратификација пред грчките пратеници.
Во интервју за утринската информативна емисија „Добар ден Грција” на грчката телевизија Антена, коалициониот партнер во грчката влада објасни дека тој би ги повлекол сите министри од владата и довербата пред договорот да дојде во парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.
- Јас веќе подолго време јавно се обврзав за една работа и ова не е сменето ниту ќе се смени. Ние нема да учествуваме во влада што ќе го донесе во парламентот овој договор, што значи дека ќе ја повлечеме довербата за владата, рече Каменос и објасни дека во тој случај, пред договорот да дојде на гласање, ќе треба други партии да се обврзат пред грчкиот претседател дека ќе влезат во владата како коалициони партнери.
Каменос повтори дека Независни Грци „имаат разјаснето дека ниту го прифаќаат договорот, ниту отстапувањето на термионот Северна Македонија”.
Лидерот на Независни Грци ја обвини Македонија дека го прекршувала договорт и коментираше дека грчката страна ќе треба да види дали и колку се уште важи договорот и сега, но и подоцна доколку помине на референдумот и се завршат уставните промени
- Имаме прекршување на договорот од страна на Скопје. Господинот Заев веќе го прекршува договорот. Го прекршува договорот кажувајќи работи кои не постојат во овој договор, рече лидерот на Независни Грци и додаде дека токму за ова Ципрас телефонски, минатата седмица разговарал со Заев.
Коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, во интервјуто за ТВ Антена, уште еднаш го повтори она што го кажа и на прес-конференцијата во Солун минатата седмица дека на американските сенатори со кои се сретнал им објаснил дека Македонија била дел од планот на Тито и на Југолсавија за излез на море и додал дека во регионот „била пролеана крв”.
- И сега доаѓаат да им кажат на победниците дека ќе треба да помине ставот на поразените. И на крајот на краиштата чекаа 25 години да се реши прашањето, нека чекаат 35. И нека сфатат скопјаните, кои и што се? Тие се Бугари-Словени кои го имаат формирано ВМРО, Албанци кои се обидуваат да земат и тие еден дел од Скопје и говорат за Голема Албанија и некои Срби, рече Каменос, пренесе МИА.
Ново на Сител
-

Објавена е првата официјална фотографија од новата серија за Хари Потер
-

Мицкоски: Од Савески очекувам да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор
-

Силно заладување на Балканот: Хрватска под црвен метеоаларм, Србија и БиХ со предупредувања за снег и невреме
-

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција
-

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп
-

Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“
-

Утре променливо време со дожд, снег на планините и посвеж викенд
-

Предложен притвор за 21-годишник кој возејќи пијан и без дозвола усмрти пешак во Марино
