Ајкула усмрти 25-годишен маж крај бреговите на Масачусетс
Еден 25-годишен маж го загуби животот, откако бил нападнат од ајкула во близина на брегот на градот Велфлит во американската сојузна држава Масечусетс.
Како што јави ДПА, мажот влегол да се капи во водите на Атлантскиот Океан, занемарувајќи ги таблите со предупредување, кои укажувале на опасност од ајкули.
Спасувачите екипи успеле да го извлечат мажот од водата, но тој набрзо в болница им подлегнал на здобиените повреди од угризите на ајкулата.
Еден експерт за ајкули за американките медиуми изјави дека морскиот пес го нападнал мажот најверојатно мислејќи дека станува збор за фока.
Според податоците на веб страницата sharkattackdata.com, ова е прв напад на ајкула врз човек во водите на Атлатскиот Океан крај северниите делови на источнот американски брег по 1936 година.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево