Пилот заспал сред прекуокеански лет, патниците во шок
Полот на прекуокеанскиот лет од Њу Џерси до Глазгов заспал во бизнис класата.
Час по полетувањето тој вечерал и ја соблекол униформата и заспал, а тоа предизвикало вознемиреност меѓу присутните патници.
Пилотот откако отспал час и половина се разбудил и се вратил во кокпитот.
- Не можам да поверувам дека пилот на лет со неколку стотини патници може да си дозволи вакво однесување, истакна еден од патниците, кој го видел пилотот како спие.
По реакциите на патниците случајот доби медиумско внимание и мораше да реагира Федералната управа за авијација на Велика Британија, од каде информираа дека станува збор за нормална појава регулирана со закон.
- Пилотот е обврзан да се одмори ако летот е подолг од осум часа. Во поголемите авиони има специјално одредено место, додека во помалите се употребува седиште во бизнис класата резервирано само за оваа намена. Во оваа ситуација нема ништо невообичаено и незаконито, истакнаа од Управата.
По реакциите се огласија и од авиокомпанијата, која соопшти дека во посадата на летот имало тројца наместо двајца пилоти и дека не можеле сите во исто време да бидат во кокпитот.
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
