Кај село Смоквица пронајдени 50 мигранти во товарно возило „Ивеко“
На автопатот Гевгелија - Скопје во близина на село Смоквица, вчера во 11.00 часот, полициски службеници во товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки пронашле 50 мигранти од Пакистан и од Авганистан, од кои четири се деца.
Од МВР во соопштението денеска појаснуваат дека полициските службеници дале знак за запирање на товарното возило „Ивеко“ по што возачот го запрел возилото 50 метри после патролата и избегал од лице место.
- При контрола над возилото, во просторот за товар, биле пронајдени 50 мигранти од Пакистан и Авганистан, од кои четири се деца. Мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“