Македонија
8. September 2018 - 18:38

Започна протестот во Солун против Договорот од Преспа

Со грчки знамиња, со пароли дека Македонија е грчка, без партиски обележја и без бина и говорници, во Солун кусо пред 19 часот по локално време започна протестот против Договорот од Преспа организиран од грчките „Панмакедонски здруженија“ и „Комитетот за борба за Македонија“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, демонстрантите се собраа пред Белата кула во Солун, а со протест низ улиците ќе стигнат до објектот каде што се одржува Меѓународниот саем и каде говор ќе одржи грчкиот премиер.

„Предавници политичари“ и „Грција, Грција, Македонија“, се дел од слоганите што ги извикуваат насобраните граѓани.

Како што претходно објави МИА, Солун денеска е под драконски безбедносни мерки и поради саемот и гостите од САД, но и поради закажаните четири различни протести.