Меркел: Вие сами одлучувате за Вашата иднина, не останувајте дома на 30 септември

Никој не им се заканува на македонските граѓани со изолација. Тие можат и треба сами да одлучат за иднината на државата. Иднината може да биде членство во НАТО и станување дел од ЕУ, доколку имате успех на референдумот на 30 септември. Но, секако, треба да се каже дека има и одредени предуслови што треба да се исполнат. Ова на денешната прес конференција во Владата на РМ го порача германската канцеларка Ангела Меркел, која е во прва официјлна посета на Македонија.
- Постоеше спор меѓу вашата земја и Грција и мораше да се најде и решение. Затоа прашањето на името и прашањето за членство се поврзани. Тоа е прашање што не е поврзано со Владата, туку со тоа што сите земји членки треба да се согласат со него. Луѓето на 30 септември имаат можност исто како што направија пред 27 години, да гласаат дали сакат да припаѓат на семејство на ЕУ и НАТО, а тоа бара истовремено прифаќање на Договорот со Грција, рече Меркел на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.
Таа излезе со јасна политичка порака - не останувајте дома на 30 септември, на овој историски ден. Искористете ја шансата и кажете каква индина сакате да имате.
Премиерот Заев, и искажа добредојде на Меркел, како прв германски канцелар што доаѓа во Македонија и тоа на вака голем ден, како што е Денот на независноста. Притоа, тој се заблагодари и за отворената подршка што Германија, како еден од најголемите поддржувачи на нашата евроаталнтска интеграција, ја дава во своите билатерани и мултилатерални односи.
Поддршката што ја добиваме е огромна и пријателска во нашите напори да изградиме просперитено европско општество. Токму поради тоа, охрабрени сме да го направиме историсиот исчекор, рече Заев, додавајќи дека пред Македонија, сепак, останува „домашната работа“, а тоа се забрзување на реформите.
Одговарајќи на новинарски прашања Меркел кажа дека денеска нема да се сретне со претседателот Иванов, но дека ќе има средба со лидерот на опозицијата, на кого ќе му ги пренесе истите пораки што му ги упати и на премиерот Заев.
https://
Ново на Сител
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
-

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда
-

Данас: Српски филмски здруженија ќе поднесат кривична пријава против министерот за култура Никола Селаковиќ
-

ЈП „Комунална хигиена“: Ставени во употреба новите специјални комунални возила
-

Златар од Тетово шверцувал накит вреден четири милиони денари во перница за врат на Богородица | ВИДЕО
-

Клековски го посети болнички комплекс „Мајчин дом“ - најголемата клиника по неонатологија во Бугарија
-

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“
-

Францускиот министер за внатрешни работи вети повеќе полиција на улиците низ градовите
