Обивал автомобили низ Скопје, уапсен крадец по две големи кражби

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Б.(45) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела „кражба“, предвидено и казниво согласно член 235 од КЗ на РМ, со што се стекнал со противправна имотна корист од 190.000 денари.
Двете кривични дела пријавениот ги извршил на идентичен начин, искористувајќи го отсуството и невниманието на пријавителите, при што од две возила одземал чанта и паричник и со мотоцикл го напуштил местото на настанот.
Кривичните дела се извршени на 17 август годинава, во периодот од 10,50 до 11,10 часот на улица „15-ти Корпус“ во Скопје. Во првиот случај од товарно моторно возило „Рено“ пријавениот одзел чанта во која имало паричник со лични документи, 300 евра и околу 6.000 денари. Второто кривично дело е извршено кога од патничко моторно возило „Мазда“ одзел паричник со лични документи, околу 400 долари, 450 евра, 30 швајцарски франци, 350 албански леки и 58.000 денари.
По преземени мерки, пријавениот на 30 август е лишен од слобода.
Ново на Сител
-

Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите
-

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-

Генералниот секретар на ОН го поддржува Одборот за мир, но го смета за личен проект на Трамп
-

Изборен молк на сила во Словенија пред неизвесните парламентарни избори
-

Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
